Јанц: Дома ова лудо финале ќе си го гледам уште сто пати!

Словенечкиот ракометар Блаж Јанц со многу емоции говореше по победата на неговата Барселона над Киелце во Лигата на шампионите. Победникот во Келн го дадоа пеналите, а десното крило кое има 25 години истакна дека за него ова била неверојатна средба.

„Не можам да верувам што се случи. Уште никој не победил двапати по ред тука како нас, посебно по ваков меч во кој и двете екипи се спасуваа во драматичен финиш, а на крајот пресудија пеналите. Уште не сме свесни што направивме. Минатата година го добивме Алборг со двоцифрена разлика, но ова финале беше неверојатно. Кога ќе дојдам дома ќе го гледам овој меч уште сто пати“, изјави Јанц по натпреварот.

Барселона е европски рекордер, зад своето име има 11 освоени титули во Лигата на шампионите, а стана и првиот тим кој победил на два Ф4-турнири во Келн во низа.