Јанц бира меѓу два гиганти: Барселона или Кил?

Словенечкиот репрезентативец Блаж Јанц на маса има две понуди од европски ракометни гиганти.

Барселона е заинтересирана да го доведе како замена за капитенот Виктор Томас. Но, тука е и германски Кил кој го посакува во своите редови.

„Покрај Барселона, постои интерес и од Кил. Сакам што побрзо да одлучам за да имам мир. Би сакал да знам дали ќе заминам од Киелце за да започнам да се организирам. Не би сакал да носам одлука во последен момент. Се надевам дека во наредните неколку недели ќе знам за мојата иднина“ , вели 22-годишникот кој игра на позицијата десно крило.

Словенецот ја започна кариерата во Целје Пивоварна Лашко, а по пет години реши да продолжи во полскиот шампионат.

Тој е стандарден првотимец и во словенечката репрезентација со која обезбеди пласман на Европското првенство наредната година.