Јакобсен ја сакаше Холандија, но ја доби Македонија: Групата ќе биде многу тешка

Селекциите на Данска, Швајцарија и Финска стојат на патот на нашите ракометари до ново учество на едно Европско првенство. 

<<< ПОВРЗАНО - Македонија против Данска, Швајцарија и Финска ќе се бори за ЕП 2022!

Несомнено, светскиот шампион е голем фаворит, но од групата седум се очекува да биде една од најнеизвесните во евро-квалификациите. Токму тоа го најави селекторот Николај Јакобсен, велејќи дека Данска ги доби најлошите противници во борбата за Европско првенство.

„Ова е најлошото сценарио кое можеше да ни се случи во овие квалификации. Без сомнение групата седум ќе биде група со многу искушенија. Искрено, повеќе сакав да бидеме во група со Полска и Холандија, но наше е да продолжиме со работа и да се натпреваруваме на терен. Ништо не треба да не обесхрабри, но можевме да добие многу полесни противници“, вели искусниот стратег. 

Македонија натпреварите против Данска ќе ги игра во рамки од третото и четвртото квалификациско коло. Првиот натпревар го играме дома, кон средината на март следната година, а по неколку дена ќе гостуваме во Данска. 

<<< ПОВРЗАНО - Македонија ќе ги започне и ќе ги заврши квалификациите на домашен терен