• Саше Љолес
Селекторот на данската ракометна репрезентација, Ларс Јакобсен, ги одбра седумнаесетте играчи кои ќе бидат во конкуренција за настап на Олимписките игри во Париз.
Ова ќе биде последно големо натпреварување за легендите Микел Хансен и Никлас Ландин, а изненадување е отсуството на Мадс Менсах Ларсен, кој беше стандарден репрезентативец во последните дванаесет години.
Данците ги започнуваат подготовките за Олимписките игри на осми јули и ќе одиграат две пријателски средби со Аргентина на домашен терен. Контролките се закажани за 16 и 18 јули, а олимпискиот турнир започнува на 27 јули, каде Данска веднаш ќе се соочи со домаќинот Франција.
Овие два ривали се сретнаа во финалињата на последните олимписки турнири. Данците го освоија златото во 2016 година, а пет години подоцна се закитија со сребрениот медал.