Јакобсен: Добро е што ја избегнавме Франција, но искрено не сакав да ни се падне Црна Гора

Ракометната селекција на Македонија ги дозна противниците против кои ќе брка втора фаза на Европското првенство во 2022 година. 

Ждрепката во Будимпешта ни донесе пеколна група, затоа што за ривали ги добивме Данска, Црна Гора и Словенија, а предводникот на светскиот и олимпискиот шампион Николај Јакобсен верува во пласман на својата селекција во главната фаза.

„Среќен сум што од третиот шешир ја избегнавме Франција, но не е добра вест што од четвртиот ни падна Црна Гора. Искрено таа селекција сакав да ја избегнеме. Сепак, без разлика на сè верувам дека ќе ја минеме групата, а потоа ќе биде уште потешко“, рече искусниот стратег.

Предводникот на Данска во својот коментар за групната фаза од ЕП не ја спомна Македонија, од која пред нешто повеќе од еден месец изгуби во Скопје, на дебито на Кирил Лазаров на селекторската функција.