Јакобсен доби награда за одличната работа: Го продолжи договорот со Данска до 2024

Ракометната репрезентација на Данска пред три месеци на доминантен начин го покори светот и пред својата публика го зграпчи златниот медал од планетарниот собир. 

Еден од најзаслужните за новиот успех на скандинавските ракометари беше селекторот Николај Јакобсен, кој вчера доби награда од Ракометниот сојуз на Данска, односно му беше понуден нов договор. 

Очекувано истиот веднаш беше потпишан и Јакобсен на кормилото на Данска ќе го гледаме до 2024 година, односно до завршувањето на Летните олимписки игри кои таа година ќе се одржат во Париз. 

Јакобсен на чело на светскиот шампион застана во 2016 година, откако неговиот претходник Сигурдсон го освои олимпиското злато во Рио и се пресели во Јапонија.