• Зоран Мишевски

Словенечкиот репрезентативец Јака Соршак и официјално потпиша за Целје Пивоварна Лашко. Овој 22-годишен лев бек се обврза на тригодишен договор (до 2029 година), со што клубот ја комплетираше екипата за новата сезона и настапите во Лигата на шампионите.
Соршак зад себе има 147 сениорски натпревари и импресивни 603 постигнати гола. Во претходната сезона, во дресот на Тримо Требње, тој беше најдобар стрелец во плеј-офот со просек од 7,7 гола по натпревар.
Левиот бек се враќа на големата сцена и по многуте заминувања треба да биде додадена вредност во Лигата на шампионите за Целје.
