Јагуриновски: Секој би посакал да има ваква сезона со Охрид!

Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски додаде европски трофеј во својата биографија. По освоените трофеи со Металург и со Вардар 1961 на домашната сцена, дојде до најпрестижниот трофеј во кариерата, тоа е Европскиот Куп на ЕХФ.

„Пред се, сакам да им честитам на соиграчите за успешната и извонредна сезона. Дуелот со Татабања беше многу тежок, но ние игравме добро, иако доста промашивме. Одигравме вистинско финале, трофејот го посакувавме многу повеќе од противникот. Секој би посакал да има ваква сезона, не само јас, туку и целата екипа.“, изјави Јагуриновски.

ГРК Охрид како освојувач на Европскиот куп на ЕХФ ќе има право да бара учество во Лигата на Европа, а останува да се види кој ќе биде чекорот на раководството и дали ќе се реши на таков потег да оди скалило погоре, како што тоа претходно го направи Алкалоид кога го освои овој трофеј лани.