• Мартин Танасковски

Томислав Јагуриновски беше лидер во нападот на Вардар во Куп-победата со Еурофарм Пелистер. Бекот по мечот беше прогласен и за МВП на Ф4-турнирот, а по успехот со црвено-црните кажа дека ова бил негов меч во кариерата во најтрофејниот клуб.
„Oва ми беше меч на кариеата во Вардар. Секогаш сакам да играм најдобро што знам. Пред се, сакам да ѝ честитам на екипата на Пелистер. Ние бевме мотивирани, дадовме се од себе, изгинавме на терен и во тој момент го добивме финалето. Немаме многу време за славење, ни следат уште два меча, па се надевам дека ќе славиме заедно по последниот меч во лигата“
Вардар и Еурофарм Пелисер ќе се судрат уште еднаш до крајот на сезоната, тоа ќе биде во последното коло, за домашната титула.