• Мартин Танасковски

Екипата на Пролет дојде до нова победа на домашната сцена, овој пат славеше над Скопје 2020 (30-22) во натпревар кој се реши во финишот од второто полувреме.
- Комплетниот натпревар меѓу Пролет и Скопје 2020:
Пролет тргна одлично во натпреварот пред својата публика, имаше константна предност во првото полувреме и во еден наврат водеше со пет гола (10-5), меѓутоа и тоа не беше пречка за Скопје да се врати во натпреварот.
На паузата резултатот на семафорот гласеше 15-12, а подоцна гостинот дојде на еден гол негатива (20-19), благодарение на голманот Радовановиќ кој блескаше и со двоцифрен учинок го чуваше Скопје. Сепак, Пролет подоцна направи серија од 6-0, предводен од Јагуриновски, Палевски и Аларов и така се чекира новата победа.
Томислав Јагуриновски и Давор Палевски дадоа по 11 гола во мрежата на противникот, пред Аларов со четири реализации. Кај Скопје 2020, Жарко Бајрактаревиќ запиша седум гола, пред Митиќ и Јакимовски со по три гола. Добар ден и кај дваата тима имаа и голманите, Михаљевиќ кај Пролет фати 15, а Радовановиќ кај Скопје 11 топки.