• Мартин Танасковски

По крајот на финалниот натпревар од Купот на Македонија, РФМ ги прогласи најдобрите кои беа дел од завршницата.
Едно име на листата дојде од Еурофарм Пелистер, тоа беше Филип Кузмановски како најдобар стрелец, додека останатите двајца се од победникот Вардар 1961. Нај-голман е јунакот во двата меча Еспиња, додека МВП е Томислав Јагуриновски кој го одигра мечот на кариерата во црвено-црниот дрес.
Најдобар стрелец: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер)
Најдобар голман: Мигел Еспиња Фереира (Вардар 1961)
МВП: Томислав Јагуриновски (Вардар 1961)
Вардар и Еурофарм Пелисер ќе се судрат уште еднаш до крајот на сезоната, тоа ќе биде во последното коло, за домашната титула.