• Саше Љолес

Ракометарот на ГРК Охрид, Томислав Јагуриновски, го најави дерби натпреварот од македонската Суперлига против Еурофарм Пелистер, посакувајќи победа и нов успех на „жешкиот“ терен во Битола.
Охриѓани ќе допатуваат во салата „Боро Чурлески“ мотивирани после двомечот со Олимпијакос во Еврокупот на ЕХФ, а Јагуриновски смета дека, и покрај заморот, тимот има квалитет за добар резултат.
„Нѐ очекува еден тежок меч против екипата на Еурофарм Пелистер. Имаме густ распоред и тешки натпревари во овие изминати недели. Ќе пробаме да го дадеме нашиот максимум и да ја израдуваме нашата публика, изјави Јагуриновски.
Натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид ќе се одигра на осми април. Почетокот е закажан за во 18:00 часот.
ФОТО: Анамарија Момироска / ГРК Охрид




