Јагош Брауновиќ ќе го чува голот на Тиквеш, партнер му е Велков

Македонскиот суперлигаш Тиквеш 2014 продолжува да гради тим за елитата во следната сезона и донесе нов голман.

Јагош Брауновиќ од ГРК Охрид е нов член на тимот од Кавадарци. Црногорецот е еден од најдобрите голмани во нашиот ракометен шампионат, а голот на „рибарите“ го чуваше во последните четири сезони. Брауновиќ во Тиквеш пристигнува како замена за Александар Стојаноски. Голманското дуо на Тиквеш во новата сезона кој ќе биде предводен од Данило Брестовац ќе го формираат Црногорецот и Марјан Велков.

Тиквеш активно работи на пазарот, претходно го донесе левиот бек Арнад Хамзиќ од БиХ, а ги обнови договорите со повеќе првотимци и таленти.

Кавадаречкиот суперлигаш ќе се натпреварува во групата Б на Суперлигата, а за ривали ќе ги има Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Радовиш, Скопје, Јуниор Кисела Вода и Голден Арт.