Ја спаси сезоната на Веспрем, па доби нов договор до 2020 година

Унгарскиот ракометен гигант Веспрем го продолжи договорот со актуелниот предводник Давид Дејвис на уште една сезона.

Дејвис пристигна во Веспрем во октомври и брзо го врати клубот на победнички колосек. Унгарскиот тим забележа 16 победи во низа, па тренерот кој е поранешен член на Вардар, доби награда за сработеното и договор до 2020 година.

Веспрем е на второто место во групата во Лигата на шампионите, веднаш зад Барселона, а во последното коло ќе мора да го победи Киелце за да остане на истото, нормално, доколку Вардар е подобар од Монпелје.

Во домашното првенство заостанува зад лидерот ПИК Сегед и со Татабања се бори за втората позиција. Дејвис покрај клупата на Веспрем, ќе продолжи да ја извршува улогата на селектор на Египет.

Претходно беше „десна рака“ на Раул Гонзалез, а со ЖРК Вардар играше во финалето на Лигата на шампионите.