Одредени групите за женскиот Куп, титулата ја брани ЖРК Куманово

Во Купот на Македонија во ракомет во женска конкуренција сезонава ќе се натпреваруваат петнаесет екипи.

Екипите ќе бидат поделени во четири групи А, Б, В и Г. Групите А, Б и В ќе имаат по етири екипи, а групата Г ќе ја пополнат три. Во групите А, Б, и В ќе се играат два полуфинални натпревари, а победниците ќе играат финале. Во групата Г ќе се игра еден полуфинален натпревар помеѓу екипите кој ќе бидат извлечени со реден број 2 и 3, а број 1 ќе биде слободен и ќе игра финален натпревар со екипата победник од полуфиналниот натпревар. 

Победниците од финалните натпревари ќе играат на завршниот „фајнал-фор“.

Група А:
ЖРК Вардар
Ѓорче Петров ЖРК
РК Кузман Вардар Илинден
ЖРК Стружанка

Полуфинале:
ЖРК Вардар – ЖРК Стружанка
Ѓорче Петров ЖРК – РК Кузман Вардар Илинден

Група Б:
РК Феникс АМС
ЖРК Овче Поле СУ
ЖРК Чаир
РК Спартак

Полуфинале:
РК Феникс АМС – РК Спартак
РК Овче Поле СУ – ЖРК Чаир

Група В:
ЖРК Металург
ЖРК Шампион
ЖРК Гевгелија
ЖРК Астибо

Полуфинале:
ЖРК Металург – ЖРК Астибо
ЖРК Шампион – ЖРК Гевгелија

Група Г:
ЖРК Деспина
ЖРК Пелистер 2012
ЖРК Куманово

Полуфинале:
ЖРК Деспина – слободна
ЖРК Пелистер 2012 – ЖРК Куманово

Наптреварите ќе се играат на 19 и 20 ноември 2021 година.