Извлечени групите за Супер Глоуб, Веспрем во квалификации

Во седиштето на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) во Базел e одржана ждрепката за 19. издание на Светското клупско првенство во машка конкуренција, кое ќе се игра од 24 септември до 1 октомври година во новата административна престолнина на Египет.

На турнирот ќе настапат десет екипи, а пред групната фаза ќе се одиграат два квалификациски натпревари кои ќе ги дадат последните два учесника. Во првата квалификациска пресметка ќе се сретнат Лос Анџелес Хендбол Клуб (САД) и Замалек (Египет), додека во вториот дуел силите ќе ги одмерат Сиднеј Уни (Австралија) и Веспрем (Унгарија). Поразените екипи ќе разигруваат за деветтото и десеттото место.

Бранителот на титулата Барселона, која е и рекордер со шест освоени титули на Светските клупски првенства, ќе игра во Групата А. Каталонците ќе се соочат со мароканскиот Монтада, бразилскиот Пињеирос, како и победникот од квалификацискиот дуел меѓу Лос Анџелес и Замалек. Во Групата Б се најдоа домаќинот Ал Ахли, германскиот Фуксе Берлин, кувајтскиот Бурган СЦ и победникот од квалификацијата меѓу Сиднеј Уни и Веспрем.

Турнирот ветува возбудливи натпревари, а особено внимание ќе привлече настапот на Барселона, која ќе се обиде да ја одбрани титулата, како и враќањето на Веспрем, шампионот од 2024 година, кој ќе мора преку квалификациите да обезбеди место во групната фаза.