• Мартин Танасковски
Светската куќа на ракометот (ИХФ) ги извлече трите групи за Светското клупско првенство (СКП) кое ќе се одржува во Египет.
Фаворити како и секоја година се екипите од Европа кои го имаат главниот збор. Тоа се Веспрем од Унгарија, Барселона од Шпанија и Магдебург од Германија, кои се во различни групи.
Група А: Веспрем (Унгарија), Замалек (Египет), Таубате (Бразил)
Група Б: Барселона (Шпанија), Ал-Ахли (Египет), Сиднеј Универзитет (Австралија)
Група Ц: Магдебург (Германија), Калеј (ОАЕ), Калифорнија Иглс (САД)
Настанот ќе се одржи од 27 септември до 3 октомври, а бранител на титулата е Магдебург кој е шампион трипати во низа. Само еднаш во историјата екипа која не е од Европа го освоила турнирот, тоа е во 2002 година кога триумфира Ал-Сад.