Извлечени двојките од првото коло на Купот, Вардар 1961 директно во групната фаза

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се одржа извлекување на елиминационите парови во машка конкуренција и групите во женска конкуренција.

Во Куп-натпреварувањето учествуваат вкупно 31 екипи: 12 екипи од Суперлига и 19 екипи од Првата лига. Екипата на РК Вардар 1961, како победник за сезоната 2020/21, ќе биде слободна во елиминационото коло и ќе се вклучи во натпреварувањето во групна фаза и ќе биде сместена во првиот шешир.

Куп на Македонија - (прво коло):
РК Вардар 1961 – слободен
ГРК Борец – ГРК Тиквеш 2014
РК Работнички – РК Драчево
РК Пролет 62 – РК Кичево 2020
ГРК Охрид – РК Преспа 2015
РК Алкалоид – РК Радовиш
РК Скопје 2020 – РК Текстилец
РК Металург – РК Јехона
РК Аеродром – РК Младост 1977
РК Јуниор К.В – МРК Куманово
РК Македонија Ѓ.П – РК Струга
РК Бутел Скопје – РК Вардар Неготино
РК Астраион Хендбол – РК Прилеп
Голден Арт – РК Партизан 2016 Спорт
РК Шампион – РК Еурофарм Пелистер
РК Еурофарм Пелистер 2 – РК Металург РА

Натпреварите ќе се играат на 13 и14 ноември 2021 година.