Извиѓач Љубушки се враќа во СЕХА лигата?

Откако тимот на Горење Велење се откажа од настап во СЕХА лигата, раководството на ова регионално натпреварување е во потрага по нов учесник. Босанските медиуми информираат дека по две години пауза би можеле повторно да имаат претставник во СЕХА.

Тимот на Извиѓач од Љубушки, кој веќе има искуство од настапи во ова регионално натпреварување, би можел да биде десеттиот тим кој ќе игра во СЕХА. Директорот на СЕХА, Синиша Остојиќ и дел од раководството веќе биле во Љубушки и почнати се првичните разговори за камбек на Извиѓач.

Сите детали за СЕХА лигата, колку тима ќе играат, кога ќе почне лигата и дали ќе има камбек и на унгарските тимови, ќе се знае до 20 јули. Македонските претставници, Вардар и Металург ќе бидат дел од СЕХА и во претстојната сезона.