• Иван Димовски

Ракометното дерби меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, кое заврши со убедлив триумф на скопјани, имаше и „темна“ страна. Хаосот на трибините предизвикан од навивачките групи „Комити“ и „Чкембари“ го засенија ракометот во првиот дел на дербито.
Поради тоа, Ракометната федерација на Македонија го разгледуваше инцидентот и ја одреди казната за организаторот, но и гостинската екипа. „На маса“ беа многу опции, едната од нив беше најцрна за домаќинот и гласеше одземање на бодови, меѓутоа до тоа не дојде.
Вардар доби казна со забрана за присуство на навивачи на следните два домашни натпревари. Од друга страна, РФМ им изрече парични санкции на двата клуба, па и вардарци и пелистерци ќе мора да платат по 150.000 денари.
Вардарци нема да ја имаат поддршка од трибините за натпреварите против Охрид и Еурофарм Пелистер 2, додека веројатноста е голема да има публика во последното 14. коло за дуелот со Алкалоид (27/28 мај) .