Ивиќ: Вардар е најсилниот можен противник во СЕХА-лигата!

Gol.mk на SEHA Final 4

Ракометарите на Мешков Брест против нашиот Вардар во вториот денешен полуфинален натпревар ќе се обидат да го обезбедат своето трето СЕХА финале и да атакуваат на првиот трофеј.

Пред денешниот натпревар, десниот бек, Шиме Ивиќ изјави дека Вардар е најтешкиот можен противник во СЕХА лигата, но и дека тој и неговите соиграчи ќе го дадат максимумот во обидот да се пласираат во финалето.

„Го имаме најсилниот можен противник во оваа СЕХА лига. Игравме доста натпревари со нив оваа сезона, како во СЕХА, така и во Лигата на шампионите и поради тоа нема многу непознати меѓу нас. Се ближи крајот на сезоната и сите едноставно сме уморни, но ние ќе дадеме максимум, па ќе видиме што ќе биде на крајот“, изјави Ивиќ.

Мешков Брест досега оствари два пласмани во финалето, но и во двата беше поразен. Во 2014 година загуби од Вардар со 29-27, а следната година беше убедливо совладан од Веспрем со 32-21.

  • Како се подготвува „Викторија Арена“ за СЕХА „фајнал-фор“: