Ивица Обрван фаворит за преземање на клупата на ППД Загреб?

Веселин Вујовиќ поради приватни проблеми спогодбено го раскина својот договор со ППД Загреб, па клубот од Хрватска мора да најде нов предводник. 

Според пишувањата на тамошните медиуми, кандидати за преземање на клупата се Ненад Кљаиќ, Ирфан Смајлагиќ и поранешниот македонски селектор Ивица Обрван, кој има добри шанси да излезе како победник во оваа трка. Ваквите наводи ги потврди и главниот менаџер на клубот, кој нагласи дека новиот тренер ќе биде Хрват. 

„Она што е сигурно е дека новиот тренер ќе биде Хрват. Јас разговарав со Обрван уште пред да потпишеме со Вујовиќ. Владо Шола не е кандидат бидејќи има договор со Кинезите, а постојат уште неколку имиња“, изјави Божидар Јовиќ. 

Иако конкуренцијата во моментов е голема, можеби најреална опција за клупата на Загреб е токму Ивица Обрван, поради фактот што Кљаиќ има договор со друг клуб, а Смајлагиќ не тренирал екипа од 2016 година. 

Сепак, самиот Вујовиќ нагласи дека со Загреб се разделил во одлични односи и не би имал против да се врати и третпат на клупата на славниот клуб.