Ивица Лазаревски потпиша за Радовиш

Десниот бек Ивица Лазаревски е најновото засилување во составот на Радовиш. Тој во минатата сезона беше член на неговиот матичен клуб Борец и му помогна на велешкиот тим во плеј-аутот да се избори за опстанок.

27-годишниот Лазаревски претходно беше член и на битолски Пелистер во времето кога тренер таму беше Касим Каменица. Тргна одлично, но се повреди, ја пропушти таа сезона до крајот и не го продолжи престојот во Битола.

Минатата сезона ја врати формата во Борец, одново е подготвен за игра на највисоко ниво, па Радовиш и тренерот Љупче Мијалов ќе имаат одлично засилување во борбата за пласман во плеј-офот. Во Радовиш претходно потпиша и црногорскиот кружен напаѓач Бујиќ, а договорите ги продолжија Илиев и Симиќ.