Ивановски промаши за реми, Партизан едвај до победа кај Дубочица

Фаворитите не дозволија изненадување во 18. коло од српската Суперлига, но не изостана неизвесноста.

Најинтересниот натпревар се одигра пред 1.800 гледачи во Лесковац, каде домашната екипа на Дубочица го пречека Партизан и по голема драма загуби со минимални 23-24.

Лесковац имаше шанса да дојде до бод во последната секунда, но македонскиот десен бек Михаил Ивановски не успеа да го совлада Арсениќ. Топката заврши покрај голот за уште едно славје на „црно-белите“ кои сè уште се на 100% учинок оваа сезона.

Шампионот Војводина без многу проблеми го среди Југовиќ на гости и на крај славеше со убедливи 21-32.