Ивановски: Целта ни е да вратиме една од домашните титули во Битола (ВИДЕО)

По минатата сезонана голот на Еурофарм Пелистер 2 и исполнувањето на целта со пласманот во плеј-офот, Филип Ивановски од новата сезона е приклучен кон Еурофарм Пелистер, каде ја сочинува тројката голмани со Секељи и Кизиќ.

27-годишникот ги мина сите младински категории на клубот од Битола, а беше член и на сите младински категории на националната репрезентација. Ивановски едвај чека да почне новата сезона и да се играат натпревари за бодови.  

„Екипата неколку години е заедно, скоро 70% од ланскиот костур е присутен и сезонава, надограден со одредени засилувања кои беа потртебни. Ова е голем клуб и нормално е да има високи амбиции. Целта е да се врати една од домашните титули во Битола. Се надевам дека ќе успееме да ја израдуваме публиката. Ветувам дека напорно ќе работиме за да дојдеме до таа толку посакувана титула“, вели Ивановски.

  • Комплетната видео изјава на Филип Ивановски: 

Првиот официјален натпревар Еурофарм Пелистер го игра на 11 август против Вардар 1961 во Суперкупот на Македонија, а првиот натпревар од Суперлигата е градското дерби против Еурофарм Пелистер 2 на осми септември.