Иванковиќ: Не одигравме како што се договоривме на овој жежок терен во Битола

Анте Иванковиќ одлично се вклопи во системот на Борис Ројевиќ и е еден од најдобрите ракометари на Охрид оваа сезона. 

Но, средниот бек заедно со своите соиграчи, немаа шанси на вчерашното дерби во Битола, во кое Еурофарм Пелистер извојува рутински триумф од 33-27.

„Жежок терен е во Битола. Мислам дека не одговоривме како што требаше и како што се договоривме – снажно и компактно во одбраната. Тоа резултираше со лошо прво полувреме, а потоа во второто не успеавме да фатиме ритам за да се вратиме на мечот. Нова екипа сме, секој тренинг и секој натпревар одиме чекор по чекор. Сега се фокусираме на следните предизвици во домашниот шампионат, како и настапот во Европа“, рече Иванковиќ. 

Охрид веќе в среда ќе се судри со Радовиш, а викендов го чека првиот дуел од двомечот со Баки во ЕХФ Европскиот Куп.

ФОТО: ГРК Охрид