• Мартин Танасковски
Македонската ракометна репрезентативка Ивана Гакидова направи трансфер и кариерата ќе ја продолжи во романскиот шампионат каде ќе го носи дресот на ЦСМ Слатина.
29-годишната Гакидова која настапува на позицијата кружен напаѓач изминатите две сезони ги мина во Турција, каде го носеше дресот на Коњалти со кого оставри успех во еврокуповите. Сепак, дојде време за промена.
Следна дестинација ќе и биде романскиот шампионат, каде настапуваат повеќе македонски ракометарки. За Гакидова, Романија ќе биде шеста земја во кариерата.
Ракометарката покрај во Турција во кариерата играше и за норвешки Молде, француските Стразбур и Стела Спорт, чешки Баник Мост и српска Наиса Ниш, додека дома беше дел од тимовите на ЖРК Вардар и ЖРК Металург.