• Мартин Танасковски
Македонската репрезентативка Ивана Џатевска има нов клуб, но ќе остане да игра во Унгарија и во новата сезона.
21-годишниот пивот минатата сезона играше во Кишварда, а од новата сезона се пресели во Сомбатељ, клубот кој обезбеди промоција во елитното унгарско друштво како најдобар во Првата лига.
Џатевска низ кариерата покрај за Кишварда каде го имаше првото интернационално искуство играше уште за ЖРК Вардар и за ЖРК Чаир.