Иван Стојчевски потпиша за германскиот Книтлиген

Десното крило Иван Стојчевски, кој во минатите две сезони настапуваше за германскиот нисколигаш Бретен, во следната сезона ќе настапува во друг клуб, но ќе остане во Германија.

Тој потпиша за составот на Книтлиген, кој се натпреварува во регионалните лиги. Стојчевски има 24 години и потекнува од составот на Младост Богданци, а две сезони беше дел и од ростерот на Вардар Јуниор.

Многу македонски интернационалци настапуваат во оваа конкуренција. Аце Јоновски, Петар Ангелов, Филип Лазаров, Игор Михали, Никола Мирков, Мартин Игнов, Стевче Ангелковски, а нив би можеле да им се придружат уште минимум двајца во претстојната сезона.