• Зоран Мишевски
Иван Слишковиќ официјално ја заврши својата играчка кариера и се врати во Нексе Нашице како помошен тренер. Поранешниот хрватски репрезентативец реши да стави крај на активната кариера на 34-годишна возраст и веднаш да му се приклучи на стручниот штаб на клубот како асистент на главниот тренер Саша Баришиќ Јаман.
Слишковиќ веќе настапуваше како лев бек за Нексе во периодот од 2011 до 2013 година, каде што ја стекна својата полна играчка афирмација. Негов последен клуб како играч беше грчкиот Олимпијакос. Пред тоа, тој изгради богата интернационална кариера играјќи за Веспрем, Целје, Порто, Гепинген и Штутгарт.
Иван Слишковиќ запиша над 60 настапи за репрезентацијата на Хрватска, со која освои и бронзен медал на Европско првенство.
