• Зоран Мишевски

По искуството во Кина, македонскиот ракометен тренер Иван Марковски за првпат ќе работи во првенството на Катар. Легендарниот Марковски ќе седне на клупата на Катар Спорт Клуб.
Клубот кој есента го водеше Раде Стојановиќ, кој поради приватни причини се врати во Македонија, ќе продолжи со македонски стручњак на клупата.
Иван Марковски полусезона го водеше кинески Шандонг, а работеше и во Ле Самбр Авенуа во Франција. Во Македонија седеше на клупите на Иван Марковски и Еурофарм Работник.
46-годишниот Марковски имаше супер-успешна играчка кариера во Македонија, Хрватска, Шпанија, а сега почнува плодна кариера како тренер. Во Катар веќе работи Петар Мисовски, а во минатото краток период во Доха играле уште неколку македонски интернационалци.