• Мартин Танасковски

Екипата на Пролет ослободи уште еден македонски ракометар да замине од тимот и Иван Џонов во следниот дел од сезоната ќе биде дел од Алкалоид.
25-годишниот Џонов беше еден од најдобрите бекови во таборот на Пролет, но по дебито на СП 2023, заминува да игра под палката на селекторот Кирил Лазаров кој воедно е и прв тренер во Алкалоид.
Трансферот го потврдија од РК Пролет, од каде истакнаа дека на играчот му посакуваат многу среќа. Истовремено, од суперлигашот им посакаа среќа и им се заблагодарија и на Јагуриновски и Аларов кои му се приклучија на Вардар 1961.
Алкалоид претходно потпиша и со репрезентативецот Костадин Петров кој настапува на позицијата кружен напаѓач.