Ива Младеновска замина на позајмица во францускиот Безансон

Македонската репрезентативка Ива Младеновска ги промени клупските бои и до крајот на сезоната ќе настапува за францускиот клуб, Безансон. 

Младеновска заминува на позајмица од Брест Бретањ, каде има голема конкуренција на бековската позиција, а минутажата во Безансон ќе ѝ биде од голема корист и ќе може дополнително да напредува во кариерата. 

Македонката во текот на летото се очекува да се врати во Брест и да добие поголема минутажа, а во Безансон ќе се обиде да му помогне на тимот кој во моментов е петтопласиран во француското првенство.