• Мартин Танасковски
Македонската ракометарка Ива Младеновска ќе биде единствената претставничка на нашата земја во женската Лига на шампионите за сезоната 2026/27, откако со Борусија Дортмунд ќе настапи во најелитното европско клупско натпреварување.
За разлика од машката конкуренција, кај дамите нема промени во форматот. И оваа сезона ќе настапат 16 екипи, поделени во две групи со по осум тима. Борусија Дортмунд, клубот на 19-годишната македонска репрезентативка, се наоѓа во третиот шешир и ќе добие по два противници од првиот, вториот и четвртиот шешир.
Во првиот шешир се сместени данскиот Есбјерг, францускиот Мец, актуелниот европски шампион Ѓер и романскиот гигант ЦСМ Букурешт.
Вториот шешир го сочинуваат Оденсе, Брест Бретањ, ФТЦ-Тојота и Глорија Бистрица, додека покрај Борусија Дортмунд во третиот шешир се уште Подравка, Сторхамар и Крим Меркатор.
Во четвртиот шешир се наоѓаат Нукебинг Фалстер, Бломберг-Липе, Будуќност и Сола.
Шешир 1: Есбјерг, Мец, Ѓер, ЦСМ Букурешт
Шешир 2: Оденсе, Брест Бретањ, ФТЦ-Тојота, Глорија Бистрица
Шешир 3: Подравка, Борусија Дортмунд, Сторхамар, Крим Меркатор
Шешир 4: Нукебинг Фалстер, Бломберг-Липе, Будуќност, Сола
Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 26 јуни со почеток од 11:00 часот



