Ива Младеновска доби шанса и на 17 години ги даде првите голови во ЛШ

Македонската репрезентативка Ива Младеновска доби шанса да настапи во ракометната Лига на шампиони во дресот на Брест Бретањ од Франција и солидно ја искористи минутажата.

Брест убедливо славеше на гостински терен кај Будуќност (22-35), а ракометарката која игра како бек и има 17 години доби шанса во вториот дел од мечот. Младеновска успеа да се запише и во листата на стрелците двапати, имаше реализација 2/2.

За Македонката ова се први голови во Лигата на шампионите во дресот на францускиот клуб каде пристигна пред две сезони од таборот на Металург.