Италијанци ќе му судат на Еурофарм Работник на првиот дуел со Филинген Берген

Пред враќањето на европските купови, ЕХФ ги одреди судиите за осминафиналниот натпревар од Челинџ Купот меѓу македонскиот претставник Еурофарм Работник и норвешкиот тим Филинген Берген. 

Првиот натпревар се игра следната сабота на 10 февруари во Битола со почеток во 19.00 часот,, а правдата ќе ја делат Марко ди Доменико и Лоренцо Форнасие од Италија. Делегат на натпреварот е Кеан Сиврикаја од Турција. 

Возвратниот натпревар на 17 февруари ќе го судат летонските судии Вадимс Јаскинс и Едуардс Забко. Делегат на ЕХФ е Швајцарецот Беат Нагел. Натпреварот во Норвешка ќе се игра во терминот од 16.00 часот.