Историски подвиг на Барса, прва екипа со три победи на теренот на Кил во ЛШ

Барселона

Ракометарите на Барселона запишаа голема победа над Кил и тоа на гостински терен во Германија. Тоа само ја докажува фаворитската улога на каталонскиот клуб во Лигата на шампионите оваа сезона.

Избраниците на Чави Пасквал испишаа историја и станаа првата екипа која славела на теренот на „зебрите“ трипати во најелитното клупско натпреварување во Европа.

Две победи имаат запишано Флензбург и ПСЖ, а 15 други екипи, меѓу кои и Вардар, еднаш се радувале на ова тешко гостување.

Барса има шест победи и заедно со Веспрем се единствените екипи кои сè уште немаат пораз во новата сезона.