Историска ноќ во Монпелје, најголем пораз за ПСЖ по цела деценија!

Екипата на Монпелје направи голем подвиг и со победа над ПСЖ (33-20) се пласира во во финалето од Купот на Франција.

Тимот на Раул Гонзалез доживеа вистински дебакл каков што не памети. Ова е најголем пораз за „светците“ од оној во 2012 година кога загубија од Шамбери (25-38). Истовремено, ова е најмал број на постигнати голови на ПСЖ по 2015 година против Веспрем (28).

Во финалето, Монпелје ќе игра против Нант или Екс Провенс.