Историја во Полска: Јусуф прв Нигериец со погодок во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Јусуф

Младиот талент од редовите на Киелце, Фарук Јусуф, испиша историја на дуелот против Флензбург.

17-годишникот се запиша во листата на стрелци во убедливата победа над бундеслигашот и стана првиот Нигериец во историјата кој остварил голгетерски учинок во Лигата на шампионите.

Младиот африкански интернационалец доби шанса во завршницата, кога победникот беше одлучен. Застана на линијата од седум метри и сигурно реализира на голема радост на домашните навивачи.

По стартниот пораз од Динамо Букурешт, полскиот првак врза три победи во низа и застана на чело на групата Б.