• Зоран Мишевски

Само неколку дена по прекинувањето на соработката со Гудмундур Гудмундсон, исландската ракометна репрезентација добива нов предводник.
Тренерот на Савехоф, Микаел Апелгрен се согласи да ја преземе репрезентацијата на оваа мала скандинавска земја, но останува дилема дали и натаму ќе остане да работи во клубот.
Поранешниот репрезентативец на Шведска пред две сезони ја презеде тренерската функција во Савехоф. Во 2021 година ја освои шампионската титула во домашниот шампионат, додека минатата сезона заедно со своите избраници се радуваа на освојувањето на трофејот во Купот на Шведска.
Исланд игра добро во квалификациите и се очекува да се пласира на завршниот турнир на Европското првенство.