• Мартин Танасковски
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер по одличниот старт во Лигата на шампионите и големиот триумф над хрватскиот првак Загреб, ја продолжува својата европска авантура со едно од најтешките гостувања во групната фаза.
Битолчани на 18 септември ќе му гостуваат на францускиот гигант ПСЖ во салата „Пјер Де Кубертен“ во Париз, со почеток во 20:45 часот. ЕХФ за овој меч ја делегира исландската судиска двојка Јонас Елијасон и Антон Палсон, арбитри со богато искуство на највисоко ниво.
Делегат на натпреварот ќе биде Шпанецот Висент Леон Брето. Иако ПСЖ важи за апсолутен фаворит, македонскиот првак ќе се обиде да се надигрува и да ја искористи шансата за изненадување.






