„Имавме дилеми, но сега веќе ги немаме - можеме да играме и со најдобрите“

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Неверојатна „црна дупка“ ги снајде репрезентативците на Исланд во финишот на двете полувремиња и искусна селекција како Хрватска тоа знеаше да го казни. Многу стручњаци би жалеле за ваквиот пораз, но исландскиот ги пофали своите ракометари. 

Гудмунсон рече дека ракометарите му потврдиле дека може да играат и против најдобрите.

„Хрватска е одлична селекција и тоа го знаевме и пред натпреварот. Мислам дека потфрливме во последните десет минути од првото и последните пет минути од вториот дел. Сакам да им честитам на моите ракометари за целокупниот настап. Пред турнирот имавме дилеми дали можеме да играме против најдобрите, па овој натпревар тоа ни го покажа“, рече исландскиот селектор. 

Голема е веројатноста дека Исланд ќе биде нашиот клучен ривал за главната групна фаза, а со „рибарите“ играме во последното петто коло следниот петок. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0