Исланд по голема битка во двомечот со Португалија се пласира на СП во Франција

Во последниот бараж натпревар за пласман на Светското ракометно првенство, ракометарите на Португалија на домашен терен го совладаа Исланд со 21-20 (10-7), но на првенството во Франција се пласираа Ислаѓаните, бидејќи во првиот натпревар славеаа победа од 26-23.

Португалските ракометари натпреварот го започнаа со цврста одбрана и во таквата игра имаа константно водство. Во 22. минута по голот на Коста имаа највисоки +4 (9-5). На крајот на првите 30 минути Португалија замина со предност од +3 (10-7). На стартот на вториот дел повторно двете селекции продолжија со неефикасна игра и предност на домаќините од 2-3 разлика. Во 51. минута по голот на Халгримсон, за првпат Исланѓаните го изедначија резултататот на 17-17. Но на тоа Португалија возврати со серија од 3-0 и на три минути до крајот ги имаше потребните три гола разлика. Сепак Гунарсон и Палмарсон со два гола не дозволија изненадување и на крајот Португалија славеше „пирова“ победа од 21-20.

Најефикасен кај Исланд беше Арон Палмарсон со 4 гола, а кај домаќините тоа беше Дуарте со 5 погодоци. За репрезентацијата на Исланд пласманот на СП во Франција е нивни четврт во серија, а најдобиот резултат го забележаа на првенството во Шведска во 2011 година, кога завршија како шестопласирани. 

Ждрепката на групите на Светското првенство, по која и нашата репрезенатација ќе ги дознае своите противници ќе се одржи на 23 јуни.