Исланд падна пред Норвешка на тестот пред СП

Противникот на Македонија на Светското првенство (СП) кое ќе се игра во Германија и Данска, репрезентацијата на Исланд, одигра тест-натпревар против Норвешка, кој го загуби со 25-31 (14-16).

Норвежаните важеа за апсолутни фаворити на оваа средба и ја оправдаа улогата. Во првиот дел Исланд се држеше, но во вториот дел разликата во квалитетот исплива на порвшина.

Исланд беше рамо до рамо со противникот и имаше скромна негатива до 15-14, а потоа и 16-15, за потоа Норвешка со голови на Сагосен и Мирол да поведе со 19-15 и да изгради висока предност која ниту еднаш не ја испушти до крајот.

Најдобар кај победникот беше Сагосен со осум гола, додека Мирол постигна пет, а кај Исланд, Гудмунсон и Кристијансон запишаа по четири погодока.

Исланд во група на СП е заедно со Македонија, Јапонија, Бахреин, Шпанија и Хрватска.