• Саше Љолес
Снори Стејн Гудјонсон доби нов договор од Исландската ракометна федерација и ќе остане селектор на националниот тим до 2032 година.
Нова соработка потпиша и помошникот Арнор Атлансон, со што „рибарите“ го задржуваат актуелниот стручен штаб, кој е дел од долгорочната стратегија на федерацијата за добри резултати на репрезентацијата.
Посебен акцент ќе биде ставен на подготовките за големите натпреварувања, а главниот фокус е посветен на Олимписките игри во Лос Анџелес, кои ќе се одржат за две години.
Целта е континуиран напредок на екипата, како и присоединување на млади ракометари кои во иднина ќе станат сериозен дел од поширокиот ростер на Исланд.
