Исланд ќе патува на Мундијалот во Египет без капитенот Палмарсон

Репрезентацијата на Исланд остана без својот капитен непосредно пред стартот на десет дена пред Светскиот шампионат во Египет, бидејќи Арон Палмарсон има повреда на коленото.

Левиот бек на Барселона настапи на „фајнал-фор“ турнирот во Келн каде неговата екипа загуби во финалето од Кил (33-28), па по доаѓањето во репрезентативниот камп беше прегледан од докторите. Нему му беше воочена повреда на коленото и нема да може да игра ракомет месецов. Сепак, селекторот Гудмунсон се реши да не повика ново име и ќе се потпре на повиканите ракометари.

Пред селекцијата на Исланд се три последователни дуели со Португалија, два во квалификациите за Европското првенство следната година, а потоа и на отворањето од Мундијалот во Египет. Освен Португалија, во групата Ф со Исланд се наоѓаат и Алжир и Мароко.