• Горан Упале
Ракометните селекции на Црна Гора и Полска ги загубија шансите за пласман во следната фаза од Европското првенство кое оваа зима се игра во Данска, Шведска и Норвешка.
Црногорците по големата драма против Словенија во првото коло и поразот од само еден гол (41-40), вечерва немаа сили за надигрување против незгодната селекција на Фарски Острови, која на славеше со убедливи 24-36. Со овој триумф, Фараните го впишаа третиот бод на своето конто, откако на стартот ремизираше со Швајцарија и станаа најмала земја (56.000) со победа на голем турнир, пред Гренланд (СП 2001, 57.000).
Полска, пак, беше „здробена“ од Исланд. Островјаните одново покажаа моќ и супер-брз ракомет и на крај славеа со 22-31. За Исланд ова беше втор триумф и во последното коло против Унгарија ќе се решава која селекција ќе заврши на првата позиција.




