• Горан Упале

Со шест победи на домашните селекции и без ниту едно изненадување заврши првиот дел од премиерното коло во квалификациите за следното Европско првенство.
Во Скопје, Македонија лесно се справи со селекцијата на Финска и славеше со 33-24, додека во рамки од нашата група дуелот меѓу Данска и Швајцарија не се одигра денес и според најавите својот почеток ќе го има утре.
Најубедлива победа вечерва славеше селекцијата на Исланд, која со 16 гола разлика ја „наполни“ Литванија (36-20), а без милосни беа и Португалците со победата над Израел од 31-22.
- Исланд - Литванија 31-22:
- Португалија - Израел 31-22:
Селекцијата на Австрија потешко од очекуваното со само три гола разлика беше поуспешна од Естонија (31-28), Црна Гора без многу мака го надигра Косово (32-25), додека најтесно беше во Холандија, каде домашната репрезентација со 27-26 извојува победа над Турција.
- Холандија - Турција 27-26:
- Црна Гора - Косово 32-25:
- Австрија - Естонија 31-28:
Преостанатите четири натпревари од првото коло се играат денес, а меѓу нив е и натпреварот од групата на Македонија, во кој се среќаваат Данска и Швајцарија.