Искусниот Родиќ е ново засилување за екипата на Струга

Искусниот лев бек Предраг Родиќ во новата сезона ќе го носи дресот на Струга, откако потпиша едногодишен договор со македонскиот клуб.

Родиќ настапува на позицијата лев бек, а покрај офанзивните задачи, успешно придонесува и во одбраната. Со неговото доаѓање, Струга добива дополнителна цврстина, висина и богато искуство во одбранбената линија.

Во текот на својата кариера настапуваше за повеќе клубови, меѓу кои Синтелон, Црвена Звезда, Партизан, унгарски Мезокевешди, португалска Брага, како и екипи од Словачка, грчки Дукас, Кувајт и словенечка Ајдовшчина.