• Иван Димовски

Македонскиот суперлигаш Фруитленд Борец ќе добие нов тренер во битката за опстанок во елитата.
Нов тренер на велешкиот тим е српскиот стратег Предраг Петљански. Станува збор за искусен тренер кој е трофеен во младински и сениорски категории. Главно работел во Суперлигата на Србија, меѓутоа има и интернационално искуство.
Петљански водеше екипи од Катар, Бахреин и Саудиска Арабија каде што имаше добри резултати.
Во досегашниот дел од сезоната Борец се наоѓа на десеттата позиција и има осум бода, а во продолжението од кампањата ги очекува борба во плеј-аутот.